Тодоров: Бев дел од нешто ново што се создава и ќе трае во наредните 10-15 години

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Тодоров, е задоволен од изданието на неговите избраници на квалификацискиот турнир во Перм и покрај тоа што „црвено-жолтите“ не изборија пласман на Евробаскет 2022.

– Ми беше задоволство да работам со оваа група на играчи, независно од крајниот резултат. Ако се осврнеме наназад на овие шест натпревари од овие квалификации, можам да кажам дека има два спротивставени моменти: едниот разочарувањето поради необезбедувањето пласман на ЕП, и вториот огромното задоволство дека бев дел од нешто ново што се создава и што ќе трае во наредните 10-15 години, истакна Тодоров.

Вели дека повторно би одел по овој пат…

– Кога за првпат ја добив понудата за селектор, ми требаше речиси еден месец да одлучам дали сакам да се впуштам во една нова авантура, посебно што првичниот впечаток, и мој и на луѓето со кои разговарав, беше дека речиси се минимални шанси за макар и една победа. Сепак, од денешен агол, ако повторно е ноември 2019 година, и ја добијам истата таа понуда, сигурен сум дека пак би ја прифатил, бидејќи навистина ми беше задоволство да работам со оваа група на играчи, независно од крајниот резултат, истакнува македонскиот селектор во интервјуто за веб-страницата на КФСМ.

Македонската репрезентација квалификациите ги заврши со биланс од две победи и четири порази, и поради полоша меѓусебна кош-диференција со Естонија, не обезбеди учество на Европското првенство.

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје – Работнички во финалето на кошаркарскиот куп

Мери Јордановска

Финале во ракометниот, полуфинални натпревари во кошаркарскиот куп

Ана Ололовска

МЗТ Скопје убедливо поразен од Младост во првиот четвртфинален натпревар во плејофот на АБА 2

Ана Ололовска

Бајиќ нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Ана Ололовска

Јакимовски ги воодушеви Американците во дебитантската сезона во НЦАА лигата

Ана Ололовска

Македонските кошаркари ја совладаа Италија и ги задржаа шансите за пласман на ЕП

Ана Ололовска