Тод: Ако направиме добар формат, Ферари ќе остане во Ф1

Од:

Претседателот на ФИА, Жан Тод е убеден дека Ферари ќе останат во Формула 1, ако видат „добар формат“ во 2021 година. Минатата година „скудерија“ се закани дека ќе го напушти спортот, ако новите регулативи, воведени од „Либерти Медиа“ и ФИА не се по нивен вкус. Неодамна, сепак, тонот беше малку помек откако Серџо Маркионе изрази надеж за плодни преговори.

Жан Тод верува дека неговиот поранешен тим ќе продолжи да се натпреварува во Формула 1 барем во догледна иднина.

– Ферари се бренд симбол. Има неколку причини за тоа, а една од нив е дека спортот е многу важен за нив. Ферари заработува од шампионатот и шампионатот заработува од Ферари. Убеден сум дека ако успееме да изградиме добар формат, тие ќе продолжат да бидат заинтересирани, изјави Тод.

Сепак, претседателот на ФИА даде до знаење дека новите правила треба да се прифатливи за сите тимови, а не само за Ферари.

– Ние треба да создадеме нешто што е добро за десет тима, не само за еден. Повеќе од половината тимови се наоѓаат во дилема, а тоа не е убаво за мотоспортот. Затоа треба да најдеме меѓусебно разбирање, додаде Французинот.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин