Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

Од:

Бразил беше елиминиран од Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот по изведување пенали. Селекторот Тите заминува од функцијата со оглед дека му истекува договорот, а не може да се помири со болната елиминација.

Бразил доминираше, имаше многу повеќе шанси, но на крајот ќе си оди дома.

По мечот, бразилските медиуми го прашаа Тите како дозволил Хрватска да го наметне својот ритам и да го заземе поседот на топката, како и зошто го повлече Винисиус Жуниор?

„Замените што ги направив, како да ви кажам. Го имате Родриго кој е технички силен, Педро, многу добар во финишот, Алекс Сандро… Го заменив Милитао бидејќи имаше болки и грчеви. Го извадив Пакета поради исцрпеност… Тешко ми е да зборувам за било што, кога ќе примите гол во последната секунда. Имаш посед, ја имаш топката… Направивме 11 шанси, имавме 11 удари, а Хрватска само еден. И сега ми кажувате нешто? Ајде, ве молам“, изјави сега веќе поранешниот селектор на Бразил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Квалификации СП 2022: Нови победи на Бразил и на Аргентина