(ВИДЕО) Квалификации СП 2022: Нови победи на Бразил и на Аргентина

Од:

По одиграни две третини од јужноамериканските мундијалски квалификации, Бразил речиси го обезбеди настапот на завршниот турнир идната година во Катар, откако синоќа во рамки на 12. коло триумфираше убедливо над Уругвај со 4:1(2:0).

dobivaj vesti na viber

Лидерот Бразил сега има 31 бодови од 11 натпревари, 15 повеќе од четвртопласираниот Уругвај, кој има одиграно и натпревар повеќе.

Директен пласман во Катар ќе обезбедат првите четирипласирани репрезентации од Јужна Америка и за тоа на Бразил ќе му бидат потребни уште четири бодови од преостанатите седум натпревари.

На чекор до пласман на Мундијалот во Катар дојде и репрезентацијата на Аргентина, која синоќа со 1:0 го совлада Перу во Буенос Аирес.

Резултати 12 коло:

Боливија – Парагвај 4:0 (Рамаљо 21, Виљароел 53, Абрего 84, Фернандез 90+4)

Колумбија – Еквадор 0:0

Аргентина – Перу 1:0 (Лаутаро 43)

Чиле – Венецуела 3:0 (Пулгар 18, 37, Бреретон 73)

Бразил – Уругвај 4:1 (Нејмар 10, Рафиња 18, 58, Габриел Барбоса 83 / Суарез 77)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Аргентина: Натпреварот на Бока прекинат поради тепачка меѓу навивачи и полиција, има жртви

Ана Ололовска

Маскерано ја презема тренерската функција во репрезентацијата на Аргентина до 20 години

Ана Ололовска

Тренерско деби на Маскерано на клупата на Аргентина

А1он

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска

Меси може да игра со Уругвај и Бразил, тренира со репрезентацијата на Аргентина

Ана Ололовска

Тијаго Силва го одигра 100. натпревар за бразилската репрезентација

Ана Ололовска