Екипата на Манчестер јунајтед со многу мака ја совлада Астана со само 1:0 во првото коло од Лига Европа и тоа благодарение на 17-годишниот Мејсон Гринвуд кој беше стрелец на единствениот гол.
На терените каде синоќа се играа мечеви од Лига Европа, немаше Македонци, а паднаа вкупно 75 голови, имаше многу пресврти и во најава е одлична сезона во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.
Тешкиот пораз на Борусија Менхенгладбах од австриски Волфсбергер е најголемото изненадување, а убедлив беше и Лудогорец кој даде пет гола во второто полувреме против ЦСКА Москва. Партизан освои бод против АЗ Алкмар.
Резултати:
Рома – Башакшехир 4:0,
Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0:4,
Еспањол – Ференцварош 1:1,
Гент – Сент Етјен 3:2,
Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1,
Манчестер јунајтед – Астана 1:0,
Партизан – АЗ Алкмар 2:2,
Порто – Јанг Бојс 2:1,
Ренџерс – Феенорд 1:0,
Слован Братислава – Бешикташ 4:2,
Волфсбург – Олександрија 3:1,
Вулверхемптон – Брага 0:1.