ТФТ го освои трофејот на првиот меморијален турнир „Анте Дуковски“

Од:

Кошаркарите на ТФТ се победници на првото издание од меморијалниот турнир „Анте Дуковски“, кој изминатата недела се играше во Скопје, а во чест на прерано починатиот тренер на МЗТ Скопје и на повеќе младински репрезентативни селекции.

Во големото финале, „црно-белите“ од Тафталиџе убедливо го совлада новиот прволигаш Феникс 2010 со резултат (106:83).

Американецот Хортон беше најдобар стрелец во победничкиот тим со 26. поени. Неговиот сонародник, Бродвеј реализираше 19 поени, а Маслинко и Ташовски постигнаа по 14 поени. Куртис Џоунс беше незапирлив во редовите на Феникс 2010 со 35 поени, а репрезентативецот Митревски додаде 17 поени.

Претходно, третото место го освои екипата на Академија ФМП, која во „малото финале“ го совлада Куманово (75:71).

Инаку на овој турнир настапија уште и екипите на Работнички и Ангели, кои не ја поминаа првата, групна фаза на овој премиерен собир, на кој настапија шест прволигашки екипи.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он