Тевез останува во Јувентус до истекот на договорот

Од:

Аргентинецот Карлос Тевез ќе остане во редовите на италијанскиот шампион Јувентус до истекот на договорот во 2016 година, а потоа ќе се врати во Бока Јуниорс, каде ќе стави крај на својата кариера.

Откако Тевез неодамна изјави дека својата кариера сака да ја заврши во својот матичен клуб Бока Јуниорс, претседателот на аргентинската екипа Даниел Анџелико најави дека клубската Управа е близу до потпишување на договор со 31-годишниот напаѓач.

Анџелико изјави дека сега одлуката е на Тевез, кој треба да го раскине договорот со Јувентус пред јуни 2016 година, на што одговори менаџерот на фудбалерот Адријан Рукамо, кој најави дека Аргентинецот е решен да остане во Јувентус до истекот на неговиот договор.

– Единственото нешто што е сигурно е дека Тевез сака да го почитува договорот со Јувентус. Ние сакаме да се избегне дополнителен притисок врз Тевез во еден клучен момент во сезоната за него и екипата, изјавил Рукамо за италијанските медиуми.

Притоа Рукамо потврди дека Тевез сака да стави крај на својата кариера во Бока, но кога ќе биде тоа останува да се види.

– Нема сомнеж за тоа. Тој изградил куќа во Буенос Аирес, реши да инвестираат во својата земја, сака да биде блиску до пријателите и семејството. Тој ќе биде таму, но ќе видиме кога, додаде Рукамо.

Карлос Тевез кариера ја започна во 2001 година во Бока Јуниорс, од каде во 2005 година се пресели во Коринтјананс, а една година подоцна потпиша за Вест Хем. Во Премиер лигата две сезони (2007-2009) го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, а потоа и на Манчестер Сити, за во 2013 година да потпише договор со Јувентус.

Тевез е најдобриот стрелец во редовите на италијанскиот шампион, а за аргентинскиот национален тим досега одигра 66 натпревари и постигна 13 гола.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска