Карлос Тевез во текот на денешниот ден треба да го комплетира трансферот од Манчестер сити во Јувентус.
Аргентинецот пристигна во Торино за медицински прегледи, по што се очекува да потпише тригодишен договор.
„Граѓаните“ ќе добијат отштета од 11 милиони евра, а со бонусите, сумата би можела да порасне и до 14 милиони.
Сити ќе дојде до бонусите доколку Јувентус се пласира во Лигата на шампионите во наредните три сезони.
Јувентус ќе биде шести клуб во кариерата на Тевез, а освен за Сити, тој има играно и за Манчестер јунајтед, Вест Хем, Коринтијанс и за Бока.