Актуелниот фудбалски шампион на Франција, Париз Сен Жермен го очекува тешко гостување кај Бордо во воведниот меч од 25. коло на Лига 1.
Екипата на Париз Сен Жермен во моментов е на второто место на табелата со 52 бодови колку што има и трето пласираната Ница, а три бодови помалку во однос на водечкит Монако.
Тоа се трите тима кои ќе водат битка за шампионскиот трофеј, но и директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Од друга страна. Бордо е во групата на екипи кои атакуваат на четвртата позиција, која пак води во Лига Европа. Во моментов Бордо е на 7. место во групата на три екипи кои имаат по 36 бодови, само четири помалку од четврто рангираниот Олимпик Лион.
Токму затоа, вечерашниот дуел меѓу Бордо и Париз Сен Жермен, ги носи и приматот дерби на колото.
Во останатите средби од оваа рунда ќе играат: Гингамп – Олимпик Лион, Дижон – Кан, Лил – Анже, Монако – Мец, Нанси – Монпеље, Тулуз – Бастија (сабота), Рен – Ница, Сент Етјен – Лориен и Нант – Олимпик Марсеј.