Телеграф: Ниту еден клуб од Премиер лигата не предложи да се прогласи сезоната за неважечка

Од:

Ниту еден од 20-те клубови во Премиер лигата, на заедничкиот состанок не предложи идеја за поништување на сезоната, тврди британски „Телеграф“.

Сепак, според изворот, некои екипи не би имале ништо против за таков развој. Поточно, потпретседателот на Вест Хем, Карен Брејди, во колумна за „Сан“, предложи прогласување на сезоната неважечка.

Во пресрет на пандемијата на коронавирус, официјално беше решено да се суспендира Премиер лигата, како и натпреварите од Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 до 4 април.

Приоритетен план на Премиер лигата е продолжување на првенството на 4 април и одржување на 32. коло планирано за тој викенд.

Се очекува натпреварите да се одржат без гледачи, а сериозно внимание ќе се посвети на организацијата. Има надеж дека ќе биде можно да се продолжи првенството според календарот, и да се одиграат одложените натпревари помеѓу редовните кола.

По 29 одиграни кола лидер е Ливерпул со 82 бода и за освојување на шампионскиот трофеј му се потребни уште две победи.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски