Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Од:

Премиер лигата загуби на суд и Манчестер Сити и групата клубови собрани околу него беа во право. Ова може скапо да ја чини најатрактивната лига во светот.

Манчестер Сити го доби судскиот спор во Премиер лигата, бидејќи правилата кои ги регулираат спонзорските договори се покажаа како „ништовни и неважечки“, објави Би-Би-Си. На овој начин триумфираа четири клуба – Манчестер Сити, Њукасл, Нотингем Форест и Астон Вила.

Тие се спротивставија на одлуката на Премиер лигата во ноември да донесе правила кои ќе ги спречат клубовите да профитираат од комерцијални зделки со компании поврзани со нивните сопственици. И тие беа во право, а Премиер лигата направи грешка која ќе ја чинеше десетици милиони фунти.

„Оваа одлука е голем удар за Премиер лигата и значи дека нејзините правила изгласани во ноември се неспроведливи и секој клуб погоден од примената на тие правила сега има право да бара обештетување“, пишуваат британските медиуми.

Во ноември, главниот оперативен директор на лигата Ричард Мастерс го потврди воведувањето на гореспоменатото правило и неговото спроведување, иако беше предупреден дека не треба да го прави тоа. Последиците од таа одлука би можеле да бидат тешки.

Манчестер Сити ја тужеше Премиер лигата за блокирање на нејзините спонзорски договори со Етихад Ервејс и банка во Абу Даби во 2023 година. По таа одлука „Граѓаните“ и објавија војна на конкуренцијата и посочија дека е незаконски да се забранува комерцијална соработка меѓу овие компании со Сити. И тие беа во право.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Незапирливиот Роналдо се врати со гол: Само 23 гола го делат од историската цифра од 1.000

(ВИДЕО) Убиен поранешниот светски шампион во бокс: Застрелан пред својот дом во Јужна Африка

Предраг Петровиќ

Бомба во финишот на преодниот рок: Барселона тргнува по Лаутаро Мартинез, Флик го сака по секоја цена

Премиерлигата стартува: Арсенал ја брани титулата, девет клубови со нови тренери

Предраг Петровиќ

Британскиот велосипедист Финлеј Тарлинг (19) загина на трката во Португалија – директен судир

Предраг Петровиќ