Екипата на Македонија Ѓорче Петров го очекува утре реванш-дуелот со естонски Алашкерт од првото квалификациско коло на Лигата на Европа, каде треба да стигне негатива од два гола по првиот меч (1-3).
Тренерот на „лавовите“ Александар Таневски, на редовниот прес пред дуелот истакна дека тие не се откажуваат од пласман во следната рунда и дека негативата е достижна.
Тој додаде дека нема да се повторат грешките од првиот меч и дека најважно е да не примат брз гол.
– Негативата по првиот меч достижна, затоа што сега имаме и повеќе информации за противникот. Се надевам дека во овој меч ќе имаме повеќе среќа, ќе имаме поголема самодоверба и дека нема да ги направиме истите грешки. Најважно е да не примиме брз гол, а ако дадеме брзо гол, би било уште подобро“, изјави Таневски.
Дуелот помеѓу Македонија ЃП се игра утре од 16.30 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.