Данило Брестовац од денеска не е селектор на ракометната репрезентација на Македонија. Слабите резултати на Светското првенство во Египет придонесоа, Брестовац и РФМ да се разделат.
„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 година, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, објави Ракометната Федерација на Македонија.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција од 2019 година, наследувајќи го на кормилото на националниот тим Раул Гонзалес.