Светски рекорд на Литванката Меилутите

Од:

Литванската пливачка Рута Меилутите (16 години) постави нов светски рекорд на 100 метри градно.

Таа во полуфиналето на Светското првенство што се одржува во Барселона патеката ја исплива 1:04.35 минута и за 11 стотинки беше побрза од досегашниот светски рекорд на Американката Џесика Харди поставен 2009 година.

Покрај полуфиналните трки попладнево се одржаа и четири финални трки.

Златен медал на 100 метри градно кај мажите освои Кристијан Спренгер од Австралија. Тој патеката ја мина за 58.79 секунди. Втор беше Камерон Ван Дер Бург од Јужна Африка, а трет стигна Фелипе Лима од Бразил.

Бразилецот Цезар Фиљо победи во трката на 50 метри пеперутка со резултат 23.01 секунди. Среброто го освои Еуген Годсо од САД, а Французинот Фредерик Буске го освои бронзениот медал.

Во женска конкуренција на 100 метри пеперутка најбрза беше Сара Сјостром од Шведска со време 56.53 секунди, пред Алисија Кутс од Австралија и Американката Дана Волмер.

На 200 метри мешано Унгарката Катинка Хоцу победи со време 2:07.92 минути, пред Кутс од Австралија која го освои второто сребро попладнево и Миреа Белмонте Гарсија од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Руските и белоруските пливачи се враќаат на меѓународните натпреварувања

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он