„Супер Марио“ не запира

Од:

Марио Балотели постигна гол и на третиот натпревар по доаѓањето во Милан. Тој синоќа на „Сан Сиро“ во Милано од слободен удар во 78.минута ефектно реализира за водство на Милан против Парма од 2:0. Претходно (39.минута) Габриел Палета си постигна автогол, а конечните 2:1 гостите ги поставија во последната минута преку Никола Сансоне.

Овој натпревар беше вовед во 25.коло од Серија А и се одигра во петок со цел Милан да има ден повеќе за подготовка за дуелот од Лигата на шампионите што го игра со Барселона в среда.

Двојките за другите натпревари од оваа рунда се: Киево – Палермо, Рома – Јувентус (денес), Катанија – Болоња, Наполи – Сампдорија, Пескара – Каљари, Торино – Атланта, Џенова – Удинезе, Фиорентина – Интер (утре) и Сиена – Лацио (понеделник).

Табела: Јувентус 55 бодови, Наполи 50, Лацио 44, Милан 44, Интер 43, Фиорентина 39,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска