Голманот на францускиот тим Монако Даниел Субашиќ остана без рекорд во француската Лига 1. Хрватскиот голман по 842 минути денеска беше совладан.
На дуелот меѓу Генгамп и Монако, Субашиќ беше совладан од Левеке (Генгамп) во 51.минута. Така остана актуелен рекордот на поранешниот голман на Бордо Гетан Уарду, кој нема примено гол вкупно 1176 минути во 1993 година.
Монако, иако 70 минути имаше играч повеќе сепак загуби со 1:0 на гостувањето кај Генгамп.