Суарез разговарал со Киелини за трансферот во Јувентус

Од:

Луис Суарез му се јавил на Џорџо Киелини пред неговиот можен трансфер во Јувентус. Напаѓачот на Барселона сакал да ги разјасни своите односи со капитенот на „бјанконерите“.

Репрезентативецот на Уругвај го гризна Киелини за рамото за време на мечот со Италија на СП 2014 година. По инцидентот, тој беше казнет, откако не играше четири месеци. Киелини сепак не покажа лоши чувства кон противникот, но напаѓачот сакал да ги затопли односите со него.

Суарез е се поблизу до преселба во Јувентус. Според италијанските медиуми, тој веќе се договорил со италијанскиот гигант за неговите лични услови. Тој се согласил на 3-годишен договор и 10 милиони евра по сезона, колку што добива во Барселона.

„Бјанконерите“ понудија да платат сума за трансфер од 5 милиони евра. Каталонците сакаат да се разделат од големата плата на Суарез, па дури и разговараат за раскин на неговиот договор.

Сепак, Уругваецот бара 25 милиони евра отштета од Барселона, што се очекува да биде проблем. Во оваа фаза, играчот нема намера да ги намали своите барања, но во Јуве се надеваат дека ќе го убедат да се разбере со неговиот сегашен клуб.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска