Најдобриот играч на Ливерпул изминативе две години, Луис Суарез по се изгледа ќе го напушти Енфилд Роуд, во текот на летото. Суарез побарал од челниците на клубот, во случај Баерн Минхен да достави понуда до него, тие да не му прават проблеми при трансферот. Добро познато е дека Уругваецот е една од најголемите желби на Гвардиола, за неговата нова авантура во Германија.
Суарез на неколкупати истакнуваше дека не би сакал да си замине од Англија, но неконкурентноста на Ливерпул во борбата за титулата си го прави своето.
„Доколку од Минхен стигне официјална понуда, сигурно ќе ја разгледам. Тоа не значи дека сигурно заминувам, но не кријам дека сериозно ќе ја земам в предвид, и внимателно ќе размислам“ – вели Суарез.