Стоук и Манчестер со реми ја отворија 2015-та

Од:

Во првиот дуел од 20. коло од Премиер лигата и првиот натпревар од новата календарска година, Стоук на домашен терен одигра нерешено 1:1 со Манчестер Јунајтед.

Домаќините стекнаа предност уште во 2.минута со голот на Рајан Шоукрос, а Манчестер изедначи со погодокот на Радамел Фалкао во 26. минута.

Попладнево од 16 часот се играат осум натпревари од оваа рунда. Двојките се: Астон Вила – Кристал Палас, Хал – Евертон, Ливерпул – Лестер, Манчестер Сити – Сандерленд, Њукасл – Барнли, Квинс Парк Ренџерс – Свонси, Саутемптон – Арсенал и Вест Хем – Вест Бромвич Албион.

Колото ќе биде комплетирано вечер со лондонското дерби Тотенхем – Челзи (почеток 18:30 часот).

Табела: Челзи 46 бодови, Манчестер Сити 43, Манчестер Јунајтед 37, Саутемптон 33, Арсенал 33, Вест Хем 31, Ливерпул 31,… 

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска