Стив Неш, еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, ќе се испроба и во фудбалот.
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс во вторник ќе тренира со калчолигашот Интер во обид да избори место во тимот за претстојниот турнир.
Екипата од Милано која во текот на следната седмица ќе настапи на егзибициски турнир во Мајами, реши да му ја исполни желбата на 39-годишниот Канаѓанец.
– Тоа ќе биде исполнување на мојот сон. Се чувствувам како дете, изјави Неш, кој во својата богата НБА кошаркарска кариера има и две признанија „МВП“.
Покрај Интер, на турнирот од европските екипи ќе настапат Реал Мадрид, Милан и Челзи.