Германскиот фудбалски прволигаш Хофенхајм го отпуштен тренерот Маркус Гиздол и го постави Холанѓанецот Хуб Стевенс за негов наследник до крајот на сезоната.
Хофенхајм, кој во петокот загуби со 1:0 од Хамбург, падна на претпоследното место на табелата со само шест бодови од 10 натпревари.
Ова е осма работа на Стевенс во Бундеслигата, вклучувајќи ги двата ангажмана во Шалке и Штутгарт.
Гиздол клупата Хофенхајм ја презеде во април 2013 година и таа сезона го спаси клубот од испаѓање. Неговиот договор требаше да истече во 2018 година.