Стерлинг стана најплатениот Англичанец во светскиот фудбал

Од:

По долгите месеци шпекулации, Рахим Стерлинг се согласи да потпише нов договор со Манчестер Сити.

Денес англискиот репрезентативец се врза со клубот за уште три сезони – до летото 2023 година Досегашниот негов договор истекуваше во летото 2020 година, што го правеше потенцијална цел за трансфер по крајот на шампионатот, а меѓу кандидатите беше и Реал Мадрид.

Според „Дејли Мејл“, новиот договор е за неделна плата од 300.000 фунти, што го прави од Стерлинг најплатениот Англичанец во светскиот фудбал. Лидер по плата останува Алекс Санчез од Манчестер Јунајтед, кој зема 350.000 фунти неделно.

Сепак, официјално, Сити не ги открива финансиските детали за договорот со 23-годишниот фудбалер.

Досега, Стерлинг земаше 120.000 фунти неделно, што значи дека има зголемување од 150 отсто.

Родениот во Јамајка напаѓач ја игра својата четврта сезона во Сити. Тој беше купен од Ливерпул за 44 + 5 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска