Стефано Маури уапсен за местење натпревари

Од:

Нови апсења во италијанскиот фудбал заради местење, медиумите пренесуваат дека полицијата утрово привела 19 лица, помеѓу кои имало 11 сегашни или поранешни фудбалери од првите четири лиги во Италија, тројца биле нивни пријатели, а петмина биле државјани на Унгарија.

Помеѓу приведените, најзвучно е името на капитенот на Лацио, Стефано Маури.

Полицијата направила претрес и на домот на тренерот на Јувентус, Антонио Конте, а претресена била и собата на Доменико Кришито, кој со репрезентацијата на Италија се подготвува за ЕВРО 2012.

Се говори дека под истрага е и напаѓачот на Џенова, Џузепе Скули, поранешниот фудбалер на Џенова, Каха Каладзе а претрес бил направен и во домот на напаѓачот на Киево, Серџо Пелисие.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска