Средба на директрот на АМС со спортски новинари

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска имаше работна средба со претставници од спортските сектори на печатените и електронски медиуми.

Каевски, како што информираат од АМС, на средбата нагласи дека е ова само почеток, а има намера да стане традиција во иднина од фактот што прибирање на идеи, приоритети, критики и сугестии од страна на спортските новинари е важно, исто како, што спортското новинарство е составен дел од спортот.

– Во активностите на АМС е потребно да бидат вклучени сите субјекти. Размислувањата и активностите на вработените во Агенцијата ќе бидат надополнети со размислувањата на челниците на националните спортски федерации и искуствата на спортските новинари и уредници. Во развој на спортот првенствено ќе се стави акцент на развој на спортот и спортските активности кај младите, особено кај женската популација, истакна Каевски.

Во отворената дискусија учество земаа сите присутни.

– За поздравување е изградбата на спортските објекти, но остануваат проблемите околу нивното стопанисување, закуп на термини, особено кога станува збор за помлади категории, истакна Игор Трпески од телевизија Сител.

Каевски истакна дека прв чекор ќе биде попишување на спортските објекти и ревизија на договорите за закуп и сопственост, односно владеење со истите, оправданост на избраните локации, како и процентот на искористеност на истите.

Раководителот на секторот спорт при АМС Томислав Андоновски, додаде дека објектите во сопственост на државата изработени преку Агенцијата, но и останатите се посебен проблем наречен „кираџии во сопствени објекти”.

– Додека не се направи анализа врз резултатите од попис на спортски објекти, не може да се направи план за понатамошно функционирање на спортските сали со самоодржување, истакна Андоновски.

Главниот уредник на спортската редакцина на МРТ Тони Стојановски предложи да се дискутира околу правните, инфраструктурните проблеми, но и да се обрне внимание на едукација на образовните кадри. Тој побара да се преиспитаат измените и дополнувањата во законот за спорт, поради малиот број на клубови кои ја искористиле оваа погодност.

Директорот на Агенцијата, Каевски на тоа посочи дека се разгледува можноста за измена на истиот преку воведувања на предходно изготвен ваучери со дефинирана сума формирана од предходна анализа околу висината т.е. потребата на одреден спортски клуб или федерација.

Александар Табаковски од спортскиот портал Дерби искажа загриженост околу фактот дека спортските успеси се во пад, и дека доаѓа до одлив на млади и талентирани луѓе од Македонија.

Марјан Трајковски од телевизија Телма ја истакна потребата за стручен кадар по физичко воспитување кај децата од 1-во одделение, поради се поголемата детекција на телесни деформитети кај децата од основни училишта.

Заедничкиот заклучок на сите учесници во дискусијата е позитивен со верување дека истата ќе стане традиција и дека размислувањата на спортските работници се едни од вистинските показатели на состојбите на спортот во државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска