Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари работна средба со претставници на здруженијата на информатичари, хемичари, физичари и биолози.
Целта на средбата беше во насока на продлабочување на соработката во организирање на натпревари во Македонија, но и настап на континентални и олимписки натпревари на најдобрите во дадените области, соопшти Агенцијата за млади и спорт.
Досегашната практика на поддршка и соработка на Агенцијата за млади и спорт со младите информатичари, како дел од проектот „Млад информатичар“, ќе биде практика и со најдобрите млади физичари, математичари, хемичари и биолози.
Претставниците на здруженијата изразија благодарност до Агенцијата за интересот и поддршката која ја дава на младите.