Србиновски: Хендрикс во составот за дуелот со Венецуела

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација на трите контролни натпревари постигна три победи, селекторот Марјан Србиновски дуелите ги одигра со 12 играчи, а оние двајца кои беа „вишок“ се од тактички решенија, но и заради здравствени проблеми.

Единствено Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс, не беше во план да игра бидејќи последен се приклучи на подготовките.

Изминативе денови од доаѓањето во Македонија, Хендрикс тренираше со кондициониот тренер Џакомо Браида, а селекторот Србиновски за приклучувањето кошаркарот во натпреварувачкиот ритам по вчервашниот дуел со Израел изјави:

– Не сакаме да ризикувам со Хендрикс за порано да почне со натпревари. Тој работи со кондициониот тренер и ќе биде во составот на дуелот што во петок ќе го играме во Гевгелија против Венецуела. Ќе видиме тогаш и колку ќе може да игра.

Натпреварот со Венецуела ќе биде и последен што кошаркарската репрезентација ќе го одигра во рамките на подготовките на домашен терен.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он