Србинот Поповиќ е последното засилување за Карпош Соколи пред Суперлигата

Од:

Искусниот српски интернационалец Марко Поповиќ (33 год., 193 см.) е последното засилување за Карпош Соколи пред стартот на Суперлигата, откако денеска, на последниот ден од преодниот рок, потпиша договор со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за плејмејкер, кој треба да им помогне на Кендрик Пери и на Доминик Мавра во организација на нападите на „соколите“ во обидот да се оствари уште еден историски успех – освојување на првата шампионска титула. Претходно сезонава, нашиот тим дебитираше во АБА-лигата, а пред нецел месец дојде до првиот клупски трофеј досега, тој во Купот на Македонија на завршниот турнир во Кавадарци.

Поповиќ професионалната кариера ја почнал далечната 2000 година во дресот на Застава од Крагуевац, а досега има настапувано за голем број клубови меѓу кои се и грчка Олимпија Лариса, шпанска Мурсија, словенечки Златорог, украински Динамо Тбилиси и полски Старт Лублин. На српската кошаркарска сцена успешно настапувал за екипите на Ергоном Ниш, Слога Краљево, Војводина, Напредак Крушевац, Смедерево 1953…

Новото засилување на Карпош Соколи нема да настапи на денешниот последен меч во АБА-лигата на гости кај Мега Лекс (20 часот), а дебито во дресот на Карпош Соколи ќе го има в среда, кога го пречекуваат Работнички на стартот од Суперлигата.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он