Србија противник на Бразил во борбата за трофејот на СП за фудбалери до 20 години

Од:

Репрезентацијата на Србија се избори за финале против Бразил на Мундијалот во фудбал што се одржува во Нов Зеланд. Србите денеска во второто полуфинале по продолженија го совладаа Мали со 2:1.

По основните 90 минути резултатот беше 1:1, а до победата Србија стигна со погодок во првото продолжение.

Головите за српската репрезентација ги постигнаа Андрија Живковиќ (4.минута) и Иван Шапоњиќ (101), за Мали погоди Јусуф Коне (39).

Финалето е закажано за сабота од 7 часот наутро по средноевропско време.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он