Репрезентацијата на Србија како првопласирана од Д-групата и селекцијата на Исланд како победник од И-групата обезбедија учество на Светското фудбалско првенство што идната година ќе се игра во Русија.
Србија синоќа во Белград со 1:0 ја победи Грузија, додека Исланд беше сигурен на дуелот со Косово и триумфира со 2:0.
Покрај Србија шанса за пласман на Мундијалот од групата Д ќе има и Република Ирска која во меч со директниот конкурент Велс на гостински терен победи со 1:0 и се избори за бараж.
Истото се однесува и за Хрватска кој до баражот дојде по победата над Украина во Киев со 2:0.
Досега пласман на СП преку квалификациите од европскиот континент обезбедија: Германија, Србија, Исланд, Белгија, Шпанија, Англија и Полска.