Италијанскиот атлетичар Јеманеберхан Крипа стана европски шампион во полумаратон победувајќи на трката во Рим со време 1:01.03.
Среброто му припадна на неговиот сонародник Пјетро Рива кој ја одбележа трката со еден потег кога го престигна Германецот Аманал Петрос при крајот на трката.
Тој реши да му даде знак со раката, а за неговиот потег беше казнет со жолт картон.
„Само го направив тој потег со раката. Тоа не беше наменето за него, многу го почитувам“, објасни Рива по трката.
Италијанците пишуваат дека Рива можел да биде дисквалификувана поради непочитување на противникот, но судиите замижиле пред однесувањето на 27-годишниот спортист.