Според пропозициите за МЗТ службена победа, Работнички без бодот предвиден за поразената екипа

Од:

Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром синоќа во „Градски парк“ не го дочека својот крај и победникот ќе се решава по административен пат. Според важечките пропозиции, поради самоволно напуштање на теренот и одбивање да го продолжи натпреварот тимот на Работнички службено ќе загуби, ќе остане без бодот кој се доделува на поразената екипа, а како „најцрно“ сценарио за нив е нивна преселба во лига од најнизок степен на натпреварување.

Од таборот на најтрофејниот македонски клуб и домаќин на синоќешниот дуел вината за прекинот ја префрлаат кон судиите и како што велат, МЗТ требал да победи по секоја цена.

Од друга страна, раководството на македонскиот шампион МЗТ Скопје истакнува дека „аеродромци“ со ништо не придонеле за прекинот и како што велат, сакале да се доигра натпреварот и на теренот да се одлучи победникот.

Натпреварот Работнички – МЗТ Скопје Аеродром синоќа беше прекинат на 13 минути пред крајот при резултат 51:35. Судиите по неколку претходни опомени побараа да се испразни трибината со домашните навивачи поради често плукање и фрлање тврди предмети на теренот. Работнички не сакаше да го доигра мечот без поддршката од своите навивачи и одлучи да не се враќа на теренот и покрај повикот на главниот судија Марјан Мицевски, по што беше отсвирен крај.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…