Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска организираше прием за македонските таеквондо репрезентативци кои викендот имаа одлични настапи на силен турнир во Албанија.
Македонските борачи освоија 14 медали од кои осум златни и по три сребрени и бронзени.
-Таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународна спортска сцена. Се надевам дека ваквите резултати ќе продолжат и дека овој турнир ќе биде одлична подготовка за Европското кадетско во Романија и Светското јуниорско чиј домаќин ќе биде Канада. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквандо федерацијата на Македонија, а годинава само по првиот оглас за меѓународната програма и стручна работа на тренерите се доделени вкупно 620.000 денари, рече Спасески.
Со две злата во сениорска и јуниорска конкуренција клубот Бутел е освојувач на два пехара, што значи севкупен клупски победник на „Тирана Опен”.
На турнирот учествуваат преку 500 натпреварувачи од 70 европски клубови.