Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со претставници на Кајакарската федерација на Македонија Атанас Николовски (спортски директор на КФМ) и Коста Ефтимов – претседател на КФМ како и почесниот гостин, претседателот на комитет за спуст на Итернационалната светска кајакарска федерација Томислав Црнковиќ.
Темата на која дискутираа претставниците од кајакарскиот спорт и директорот на АМС, се Европскиот куп во спуст и Европското првенство Во спуст на кои КФМ се домаќини годинава.
– Она што е навистина предизвик е тоа што постои можност да во 2019 година КФМ биде домаќин и на СП во оваа дисциплина, информираат од АМС.
Директорот Спасески се согласи дека е прекрасна можноста за соработка помеѓу соседните федерации и организирање на кампови за тренинг и дружење на младите кајакари во соработка со Хрватската, Словенечката, Српска, Грчка федерација, кој како предлог го произнесе.
– Останува да уживаме во фер натпреварите кои допрва следат, да се покажеме добри како домаќини, способни за организација на уште поголеми натпреварувања, додаде претседателот на КФМ Ефтимов.