Во пресрет на Меѓународната конференција на Европскиот олимписки комитет и форум на Меѓународниот олимписки комитет – Олимписка солидарност на која ќе присуствуваат челни луѓе на многу Европски и светски спортски олимписки комитети, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со потпретседателот на Словенечкиот олимписки комитет Јанез Содржник, кој е истовремено и претстедател на Сојуз на спортови на град Љубљана.
Тема на средбата беше размена на идеи и искуства во делот на развој на спортот во Македонија и Словенија, состојбата во спортот и начинот на работа во врвните спортски институции во државата.
Посебен акцент беше ставен на новите законските измени во законот за спорт, особено во делот на законот за добивка од игри на среќа од кои за Агенцијата за млади и спорт се издвојува 3%, како и 1,5 % од автомат клубовите.
Особено внимание кај гостинот од Словенија привлече фактот за „Спортските стипендии“ кои Агенцијата за млади и спорт на месечно ниво ги издвојува, пред се стипендиите спортска надеж за млади надежни спортисти, кои покрај стипендиите од светска категорија, националното спортско признание популарно наречена спортска пензија се нешто за кое челниците од Словенечкиот олимписки комитет изразија огромен респект.