Спасески оствари средба со параолимпискиот тим на Македонија

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска го прими параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја во РИО, а повод за средбата беа одличните резултати остварени неодамна на Светскиот куп во Хановер каде Оливера Наковска-Бикова се закити со сребрениот медал, додека екипно македонскиот тим освои бронзен медал.

– Ја користам оваа прилика да им го честитам успехот на нашите спортисти, на целокупниот стручен штаб и да им посакам уште многу добри резултати со кои ќе ја радуваат македонската јавност. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Федерацијата за спорт и рекреација на лицата со инвалидитет, а нашите спортисти ни возвраќаат со одлични настапи и медали од големите натпреварувања. Годинава, од буџетот на АМС, само по првиот оглас се издвоени вкупно 950.000 денари со кои се опфатени настапите на нашите стрелачи на Светскиот куп во Хановер, на Светскиот куп во Полска, подготовките за РИО, за набавка на нова опрема и реквизити.

Тој потсети на најголемите достигнувања на македонските натпреварувачи во спортско стрелаштво  изминатите две децении и изрази надеж за нови успеси на следните настапи на меѓународна сцена.

– Нашето спортско стрелаштво е дефинитивно најтрофејниот спорт, особено во делот на Параолимписките игри, почнувајќи од златото на Бранимир Јовановски на ПОИ во Барселона 1992, среброто на Ванчо Каранфилов во Атина 2004 и златниот медал на Оливера во Лондон 2012. Овие тројца наши спортски великани се и носители на највисокото Национално спортско признание, популарната “спортска пензија”, но јас верувам дека сеуште е рано да се пензионираат и повторно ќе не израдуваат со нови олимписки медали, додаде Спасески.

Параолимпијците се заблагодарија за поддршката што во континуитет ја добиваат од АМС и ветија дека добро ќе се подготват достојно да ја претстават Македонија на Олимпијадата во Рио.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска