Спасески: Изминатата година беше една од најуспешните за АМС

Од:

Врз основа на начелото на транспарентност и отчетност, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги презентира најголемите проекти и активности кои ја одбележаа минатата 2016 година.

– 2016 беше една од поуспешните години за Агенцијата за млади и спорт. Беа реализирани огромен број проекти, од кој бенефит видоа спортистите, спортските работници, младите луѓе и сите граѓани. Во делот на капиталните инвестиции, 2016 е година во која се изградија вкупно 50спортски објекти низ целата држава. Од проектот за изградба на 35 спортски сали, се изградија сите 35 спортски сали, но дополнително во мпоментов во завршна фаза на градба се уште 3 нови спортски сали во Домот за деца без родители “11-ти Октомври” во Капиштец, општината Шуто Оризари и мала спортска сала во с.Бучин во Крушево, кои ќе се завршат со изградба во текот на 2017 година, истакна Спсески.

Тој се осврна и на реализацијата на проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта.

– Досега се изградени вкупно 69игралишта, од кои 13 игралишта се изградија во 2016 година, во фаза на градба се триповеќенаменски игралишта, а за четири игралишта избран е изведувач и се чека добивање на одобрение за градба.

Досега, од вкупно 120 тениски терени кои се предвидени во Програмата на Владата, Агенцијата за млади и спорт изгради вкупно 89, од кои само во 2016 година беа изградени 23тениски терени, а во фаза на реализација се тритениски терени. Покрај тековните типски проекти, Агенцијата изгради две спортски игралишта, во с. Зубовце, општина Врапчиште и с.Костурино-Струмица, а исто така и изврши санација и адаптација на едно фудбалско игралиште во с.Мороиште, Струга. Во моментов, во фаза на реализација се уште 2 спортски игралишта во с.Горно Косоврасти-Дебар и општина Зелениково, а во завршна фаза на реализација се и 2 фудбалски игралишта во с.Љубанци општина Бутел и Демир Хисар, додаде директорот Спасески.

Беа спомнати и 20 фитнес зони, од кои ставени во употреба се девет, во завршна фаза е уште една, додека останатите 10 фитнес зони до целосна реализација на проектот, ќе се изградат во 2017 година.

Говорејќи за затворениот пливачки базен во Охрид, Спасески рече дека изградбата е во напредна фаза и со него се очекува да се реинкарнираат спортовите по кои Охрид беше препознатлив, а тоа се пливањето и ватерполото. За овој капитален проект се издвоени околу пет милиони евра од буџетот на Агенцијата за млади и спорт. Најавена беше и изградба на нови базени, почнувајќи со изградба на отворен пливачки базен во општината Шуто Оризари.

– За сите овие проекти, во 2016 година од буџетот на Агенцијата се издвоија околу 400 милиони денари, што уште еднаш докажува дека спортот и спортската инфраструктура се во фокусот на работа на оваа Влада, нагласи првиот човек на АМС.

Спасески посочи дека АМС и годинава со уште позасилена динамика ќе продолжи со реализација на типските проекти, како изградба на нови спортски сали, повеќенаменски и тениски терени, базени и фитнес зони, како и реконструкција на веќе постоечки спортски капацитети.

АМС изминатата година продолжи со директната поддршка на професионалните спортисти, стручните лица и сите спортски работници. За младите и талентирани спортисти обезбедивме 500 стипендии „Спортска надеж“, а вo насока на поддршка на училишниот и масовниот спорт и во 2016 година, најдобрите 300 ученици од училишните спортски игри беа наградени со бесплатно летување во Охрид на „Училишниот спортски камп“, каде имаа можност да се дружат со нивните спортски идоли.

– Во фокусот на нашето внимание, покрај спортистите, учениците и студентите се и наставниците по физичко и здравствено образование, за кои и во 2016 година се спроведе проектот за нивно континуирано усовршување, со кој беа опфатени околу 1.000 наставници од основното и средното образование, рече Спасески.

Втор пат по ред беше означена Европската Недела на Спортот која се одржа од 10-17 Септември, а Агенцијата за млади и спорт како дел од овој глобален настан го организираше Спортскиот саем на плоштадот “Филип II”.

Еден од проектите кој наиде на голем прием и барања од родителите да се прави почесто е проектот „Спортот и семејните вредности“. Во текот на 2016 година овој проект се реализираше во Штип, Василево, Македонски Брод, Кочани и Кратово.

Во делот на младите, продолживме со реализација на проекти со кои се потврдува нивната движечка сила како промотори на новите вредности во македонското општество. Трета година по ред успешно беа реализирани проектите: “Млади поети” и “Млади уметници”, чија основна цел е поттикнување на креативноста и творештвото кај младите луѓе. Успешно беше реализиран и проектот „Најдобар млад програмер“. Најдобрите кандидати беа наградени со парични награди од АМС и бесплатни стипендии за студирање на ФИНКИ, а имаа и можност во одлично светло да ја претстават нашата држава на Балканската и Светската Олимпијада по информатика и програмирање, каде постигнаа одлични резултати. Во конкуренција на 308 ученици од 86 земји, бронзениот медал го освои 17 годишниот Владимир Максимовски.

Продолжи реализацијата на Кампањата против говор на омраза која во нашата држава се имплементира преку Националниот комитет против говор на омраза, чиј координатор е Агенцијата за млади и спорт. Во перидот февруари – мај продолжи имплементацијата на проектот „Стоп на пороците кај младата популација“, кој Агенцијата за млади и спорт го имплементира во основните училишта. Проектот во оваа фаза опфати околу 4000 ученици од седмо до деветто одделение, во општините Охрид, Гази Баба, Кавадарци и Прилеп.

– Конечно, новите мерки за развој на спортот, според мене го одбележаа крајот на 2016 година. АМС кон крајот на 2016 година интензивно работеше на измени и дополнувања на соодветните закони, реализираше неколку јавни расправи и ги донесе подзаконските акти, со кои се обезбедуваат нови и стабилни извори за финансирање на спортот, потенцира Спасески во отчетот за сработеното на Агенцијата за млади и спорт во 2016 година.

На крајот тој упати апел до компаниите да ги искористат новите поволности согласно измените во Законот за спорт и Законот за данокот на добивка и повеќе да вложуваат во спортските клубови, спортските федерации и индивидуалните спортисти и на тој начин директно да придонесат за развојот на македонскиот спорт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска