Спасески им посака успешен настап на македонските каратисти на СП во Индонезија

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска се сретна со дел од македонската карате експедиција која попладнево замина за Џакарата, Индонезија каде од 12 до 15 ноември ќе настапи на на Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори.

– Морам да потенцирам дека карате спортот во нашата земја е во голем подем и има големи успеси за што сведочат резултатите во изминатите неколку години кога се освоени многу медали на европската и на светската сцена во повеќе возрасни категории. Имаме ветувачка иднина и верувам дека овие наши карате надежи тоа ќе го покажат на претстојното Светско првенство, меѓутоа и во иднина, бидејќи ова е генерација која во 2020 година кога веруваме дека каратето ќе стане олимписки спорт, ќе бидат на сениорска возраст и ќе можат на Македонија да и донесе олимписки медал, истакна Спасески.

Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава финансиска и логистичка поддршка на карате федерацијата, а овој настап го помогна со 550 илјади денари.

– Не е случајна нашата поддршка за каратето, бидејќи е еден од најтрофејните спортови во нашата земја, и верувам дека со исто темпо ќе продолжиме во иднина. На нашите млади натпреварувачи им посакувам добри настапи и успешни резултати, нагласи директорот на АМС.

Селекторот Александар Кузмановски се заблагодари за поддршката од Агенцијата за млади и спорт и рече дека неговите избраници ќе сторат се што е во нивна моќ да стигнат до подобри резултати.

– Имавме добри подготовки во Дојран. Сите натпреварувачи вежбаа со постарите колеги. Одиме на освојување одличје и испишување уште една нова страница во историјата на каратето во Македонија.

Македонската експедиција што замина за Индонезија ќе биде составена од 20 натпреварувачи и осум технички лица како што се селектори-тренери, судии и други службени лица.

На Светското првенство ќе учествуваат над 90 земји учеснички со преку 1.300 натпреварувачи.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска