Спалети останува во Рома само ако избори пласман во ЛШ

Од:

Тренерот на Рома, Лучиано Спалети е подготвен да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на сезоната, но под услов фудбалерите да обезбедат директен пласман во Лигата на шампионите.

– Актуелниот договор ми истекува на крајот на сезоната, но тоа не е важно. Сега најважен е тимот, а ако завршиме на втората позиција за три секунди ќе ставам потпис на нов договор, но ако бидеме под тоа, едноставно морам да си одам, потенцира Спалети.

Под негово водство „римската волчица“ игра добро. Минатиот викенд беше победен Торино со 4:1 и со новите три бода, Рома го задржа чекорот со лидерот на табелата Јувентус. По 25.коло во Серија А Јувентус има 63 бода, Рома 56, Наполи 54 и ова се трите екипи кои имаат најголеми шанси за освојување на првите две места кои обезбедуваат директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска