Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез значајно се подобри во однос на неговиот последен натпревар на Светското првенство пред четири години кога го гризна италијанскиот фудбалер Џорџо Кјелини, тврди селекторот на Уругвај, Оскар Табарез.
Суарез по овој инцидент беше суспендиран четири месеци, иако на натпреварот не доби црвен картон, но го пропушти дуелот против Колумбија.
– Се подготвуваше и ментално е посилен. Тој е одличен играч и во Русија доаѓа како зрел човек. Верувам дека ќе реализира се што се очекува од него, истакна Табарез.
Уругвај првиот натпревар на Мундијалот во Русија го игра денеска против Египет.