Новоназначениот селектор на шпанската репрезентација Фернандо Јеро нагласи дека нема можност за било какви измени.
Јеро ќе ја предводи Шпанија на Светското првенство на местото на отпуштениот Хулен Лопетеги, кој на ден пред почетокот на Мундијалот беше промовиран во нов тренер на Реал Мадрид.
– Имаме тим кој две години е заедно и напорно се подготвуваше за Светското првенство. Во текот на овој период бев спортски директор во репрезентацијата и знам колку се мотивирани. Пред натпреварот со Португалија не можеме да смениме ништо, истакна Јеро.
Шпанија првиот натпревар на Мундијалот во Русија го игра денеска против Португалија.