На еден од трите натпревари од денешната програма на Светското првенство ќе играат финалистите од последниот Мундијал: Шпанија и Холандија. Тоа воедно ќе биде и дерби од Б групата, во која играат уште и Чиле и Австралија.
– Холандија делува одлично во нападот, пред се со искусните играчи во нападот како Робин Ван Перси, Ариен Робен и Весли Снајдер. Но, потенцијален проблем е одбраната на тимот. Селекторот Луис Ван Гал, ќе мора особено да внимава на последната линија во одбраната, пред се дека тоа се млади играчи, изјави прославениот холандски фудбалер Руд Гулит.
Според Гулит најголеми фаворити за освојување на титулата светски првак се селекциите на Бразил и Аргентина, но ќе мора да се изборат со притисокот.