Познатата статуа на Исус Христос во Рио де Женеиро синоќа беше осветлена во боите на националните знамиња на репрезентациите кои учествуваат на 20. Светско фудбалско првенство во Бразил.
Илуминациите на статуата назименично се менуваа со боите на знамињата на 32 држави чии национални фудбалски селекции во наредните трисеттина дена ќе играат во Бразил.
Мундијалот вечер во 22 часот на Арената Коринтијанс во Сао Паоло пред 62 илјади гледачи го отвораат домаќинот Бразил и Хрватска.
Според најавите на организаторите, премиерниот меч на Светското првенство преку телевизиските екрани ќе го следат околу две милијарди луѓе ширум светот.