Светската фудбалска федерација ФИФА на својата интернет страница го објави резултатот од натпреварот Бразил – Хрватска со кој вечер во 22 часот ќе почне 20. Светско првенство во фудбал.
Според ФИФА, Бразил, домаќинот на Мундијалот, и Хрватска во премиерниот меч од првото коло во групата А одиграле без победник 2:2.
Сепак, ФИФА експресно ja поправи грешката и го тргна објавениот резултат од својата веб страница. Не е соопштено кој е одговорен за направениот гаф.