Првиот натпревар на фудбалскиот Мундијал во Бразил заврши со триумф на домаќинот со 3:1 над Хрватска. Но, при резултат 1:1 јапонскиот судија Јучи Нишимура „им подари“ пенал на Бразилците во 70.та минута, што беше знак за пресврт на натпреварот.
– Ако ова е пенал, да одиме да играме кошарка. Ова е кражба. Играчите се трудат, се борат одработуваат подготовки и се појавува судија кој не е дораснат за ваков натпревар. Срамота! Оставивме одличен впечаток. Играчите дадоа се од себе. Ние имаме тим за вториот круг и верувам дека ќе успееме да се пласираме, изјави селекторот на Хрватска, Нико Ковач.
Хрватската репрезентација успешно играше и се спротивставуваше на Бразил во вториот дел се до моментот на досудениот пенал. Во тој дел од натпреварот домашните фудбалери немаа ниту еден удар кон противничкиот гол.
Вториот натпревар од А групата меѓу Мексико и Камерун се игра денеска со почеток во 18 часот во Натал.