Англискиот репрезентативец Вејн Руни со неделна плата од 300 илјади фунти е најплатениот фудбалер на Светското првенство во Бразил.
Веднаш зад членот на премиерлигашот Манчестер Јунајтед се наоѓа најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси со неделна плата од 292 илјади фунти.
Најдобриот во светот за 2013 година, Португалецот и член на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е трет на оваа листа со 288 илјади фунти неделна плата.
Во ТОП 10 на оваа рангирање се и следниве фудбалери: Робин ван Перси (250.000 фунти), Јаја Туре (230.000), Серхио Агуеро (220.000), Луис Суарез (220.000), Давид Силва (200.000), Еден Азар (185.000) и Фернандо Торес (175.000).