СП 2014: Роналдо одигра 65.минути во убедливиот триумф над Ирска

Од:

Најдобриот фудбалер на Португалија Кристијано Роналдо имаше успешно враќање во националниот тим по повредата на бутниот мускул која го оддалечи подолг период од подготовките за Мундијалот.

Во последниот контролен дуел пред настапот на СП Роналдо за неговата репрезентација во победата над Република Ирска одигра 65 минути во кои прикажа солидна и потврди дека е подготвен за предизвиците во Бразил.

Португалците ноќеска во Њу Џерси славеа победа со 5:1. Головите за победничката селекција ги постигнаа Хуго Алмеида (3 и 37.минута), Киоф (автогол 20), Виериња (77) и Фабио Коентрао (83), а за Ирците погоди МекКлин во 52.минута.

Португалија на Светското првенство ќе стартува на 16 јуни против Германија во градот Салвадор. Освен овие две репрезентации во Ф групата играат Гана и САД.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он