СП 2014: Рио де Жанеиро и Сао Паоло видени од Меѓународната вселенска станица

Од:

Во Бразил вчера започна Светското првенство во фудбал кое го следат фанови од целиот свет, како и тројца фанови надвор од овој свет.

Американските астронаути Рид Вајсман и Стив Свансон и нивниот германски колега Александер Герст ќе ги поддржуваат нивните национални тимови од речиси 400 километри над површината на Земјата, поточно од Меѓународната вселенска станица.

vselenaRIO1

Вајсман вчеравечер ги сликал Рио де Жанеиро и Сао Паоло додека Меѓународната вселенска станица  кружела околу Земјата.

На една од сликите се гледаат и трите стадиони на кои се играат натпреварите од Светското првенство, „Арена де Сао Паоло“ во истоимениот град, „Естадо Минеиро“ во Бело Хоризонте и „Естадо до Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он