Првата ѕвезда на аргентинската репрезентација Лионел Меси изјави дека негова желба е во финалето на Светското првенство да играат неговата Аргентина и домаќинот Бразил.
– Остварување на мојот сон е да играм во финалето на Светското првенство и се надевам дека ќе можеме тоа да го постигнеме. Би сакал на завршниот натпревар да играме против Бразил и мојот соиграч од Барселона, Нејмар. Но, може да биде и друга селекција, рече Меси за каталонски „Спорт“.
Најдобриот играч на „гаучосите“ се надева дека ќе може да стигне со својата репрезентација во самата завршница.
Аргентина во првата фаза на Светското првенство игра во групата Ф, а ривали им се: Нигерија, Иран и Босна и Херцеговина.
Првиот натпревар Аргентина го игра против БиХ на 15 јуни на „Маракана“ во Рио Де Женеиро.