Бразилецот со шпански пасош Диего Коста за време на последниот тренинг на неговата репрезентација беше изложен на грст навреди, кога поголема група Бразилци го нарекуваа издајник и платеник.
Коста избра да игра за Шпанија место за неговата родна земја и таквата негова одлука беше причина да биде провоциран.
На инцидентот сеуште актуелниот играч на Атлетико Мадрид и многу темпераментен фудбалер реагирал смирено, но останува да се види неговата реакција за време на натпреварите при евентуални вакви скандирања од трибините каде што ќе седат домашните навивачи.