Со натпреварот меѓу Сошо и Олимпик Лион што се игра вечерва (почеток 20 часот и 30 минути) ќе биде означен стартот на второто коло во француската Лига 1. Овој дуел се игра ден порано бидејќи Олимпик Лион го очекува настап во баражот од Лигата на шампионите со Реал Сосиедад во вторник.
Другите натпревари од оваа рунда ќе се одиграат во текот на викендот, а двојките за утре (сабота) се: Олимпик Марсеј – Евиан, Бастија – Валенсиен, Ница – Рен, Ремс – Лил, Сент Етиен – Генгамп и Тулуз – Бордо.
Во недела се играат дуелите: Монако – Монпеље, Лориен – Нант и ПСЖ – Ајачио.